Ќе дојде ли 10-от пратеник на ДУИ во Собранието или владата ќе помине со уставен минимум

Неизвесност до последен момент владее во ДУИ откако пред некоку дена еден нивни пратеник порачал дека најверојатно нема да биде присутен на седницата на која треба да се гласа за новата влада која што спикерот Талат Џафери ја закажа за денеска во 11 часот.

Се до вчера попладне претставниците на партијата кои што добиле задача да го најдат непослушниот пратеник и да го убедат да дојде во Собранието не успеале да дојдат во директен контакт со него.

Комуникацијата која се одвива преку негови роднини и во која му се пренесени пораките од лидерот Али Ахмети и централното претседателство на партијата  не била успешна и сеуште не е сигурно дека пратеникот ќе се појави на седницата за избор на нова влада.

Како што објави вчера Expres.mk извори во ДУИ  велат дека се работи за пратеник од гостиварско кој што не бил задоволен со одлуките на партијата во врска со неколку стратешки прашања но не знаат дали тој е дел од некоја од фракциите во партијата или делува сам.  Пратеникот многу емотивно ги доживеал неколкуте одлуки на ДУИ со кои што не се согласувал.

На барање на неговите сопартијци  expres.mk не го открива името на пратеникот затоа што тој би можел да се соочи со непријатности.

Доколку пратеникот одлучи докрај да остане на својата идеја за бојкот на собранието тоа ќе биде силен удар и за владата која ќе го загуби и најминималниот простор за маневар но посебно силен ќе биде ударот за  ДУИ чиј што лидер според извори во партијата лично се заложил овој народен претставник да биде дел од парламентарниот состав.

SHARE