Ќосето по втор пат замина во историјата

Споменикот, на Андон Јанев-Ќосето во текот на ноќта беше отстранет, а на социјалните мрежи се појавија видеа од демонтирањето на „најконтроверзниот“ од петте споменици кои беа поставени во 2014 година.

Работници ангажирани на демонтажа на споменикот за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека добиле налог од гратските власти и, по отстранувањето, споменикот ќе биде однесен во еден од магацините на поранешниот Металскиот завод Тито.