Џамбаски: Има ли нешто подобро од изјавата на Заев во Црна Гора?

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ја оцени како историска најавата од македонскиот премиер Зоран Заев за исфрлање на квалификациите од типот „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците во Македонија.

„Има ли нешто подобро од тоа – Зоран заев е првиот премиер на Република Македонија што вели дека треба да се променат учебниците по историја и да отпадне ‘бугарски фашистички окупатор’. И тоа не го кажа за бугарски медиум, туку за црногорски. Ако тоа не е историски пробив, јас за друг не можам да се сетам“, изјави Џамбаски за бугарскиот весник „Стандарт“.

Заменикот на лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, ја стави Македонија во центарот на претседавањето на неговата земја со Советот на Европската унија во првата половина на 2018 година.

„Нашиот национален интерес е конечно да бидат остварени хоризонталните врски на Балканот – коридорот 8 од Бугарија до Албанија преку Македонија, која во моментов се однесува како пријателска држава. Европретседателствувањето подразбира Бугарија да ја турка Македонија колку што е можно поблиску до Унијата“, рече Џамбаски.