Џафери до Адеми и Манојловски: За Тетово зборувајте таму во кафеана

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина долгата низа реплики и контрареплики меѓу пратениците Џеват Адеми од ДУИ и Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи им за Тетово да продолжат да дебатираат во кафеана во Тетово.

Во рамките на расправата за потребата од донесување нов Закон за употреба на јазиците, Џафери со исклучување на микрофонот го прекина препукувањето меѓу двајцата пратеници за тоа дали има доволно македонски функционери во Тетово.

Манојловски го застапуваше ставот дека законот што се предлага е неспроведлив и не само што нема да ги приближи Македонците и Албанците, туку ќе создаде недоверба и страв кај граѓаните од двете етнички заедници.

Адеми, пак, му врати дека зборува невистини, тврдејќи дека во градот под Шара има доволно македонски функционери на клучни позиции.

Собранието денеска ја исцрпи расправата околу предлог-законот за јазиците, а гласањето е оставено за утре.

Оставете коментар