Џафери очекува Иванов да го почитува уставот

Спикерот на парламентот избран на 27 април Талат Џафери, оствари официјална средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец, со кого разговарале за заедничката соработка.

На почетокот од средбата амбасадорот му врачи официјална честитка од претседателот на словенечкиот парламент на изборот на функцијата претседател на Собранието и изрази искрени очекувања дека досегашните високо развиени билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Словенија ќе продолжат.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, заблагодарувајќи се на честитката, изрази уверување дека билатералните односи ќе продолжат во нагорна линија и тоа на сите полиња.

„Осврнувајќи се на немилите настани од 27 април и на актуелната состојба, претседателот Џафери истакна дека тој лично ќе се заложи за враќање на институционалниот интегритет на Собранието и на јакнење на довербата на граѓаните во оваа институција. Тој очекува претседателот на државата да ја исполни својата уставна обврска и да го даде мандатот на носителот на парламентарното мнозинство, со што ќе се отворат процесите за конституирање на собраниските тела, а со тоа и формирање на новата влада. После тоа, приоритет ќе бидат измените на Изборниот законик и продолжување на мандатот на сегашната локална самоуправа, до есента кога, се надева, ќе се одржат локални избори“, соопшти Кабинетот на Џафери.

SHARE