Џенифер Анистон се враќа на телевизија по скоро 14 години од завршувањето на серијата „Пријатели“, овојпат заедно со Рис Витерспун. Проектот е нарачан и договорен уште пред да се емитува пилот епизодата, и тоа е голема работа, но не е изненудување, со оглед на тоа кои ѕвезди ќе се појават. Датумот на лансирање на серијата сè уште е непознат.

Серијата е опишана како „поглед на животите на луѓето кои и помагаат на Америка да се разбуди секое утро“, истражувајќи ги „уникатните предизвици со кои се соочуваат жените и мажите секојдневно на телевизијата“.

Најавата за овој уште неименуван сериски филм се појави само неколку месеци по серијата „Големата мала лига“, продуцирана од Рис Витерспун, која освои осум Еми награди.

Анистон не се појавила на телевизиска серија откако заврши серијата „Пријатели“ во 2004 година. Витерспун тогаш беше гостин во шестата сезона на големиот хит и глумеше сестра на Џенифер Анистон.

Оставете коментар