Џејмс Пердју: Заев и Ципрас ќе најдат решение за проблемот!

Поранешниот американски амбасадор во Бугарија и Македонија Џејмс Пердју е убеден дека владите на Зоран Заев во Скопје и таа на Алексис Ципрас во Атина можат во најскоро време да изнајдат решение на долготрајниот спор за името. Граѓаните не избираат лидери за решавање на лесни прашања, вели Џемс Пердју, американски дипломат и посредник за време на конфликтот во 2001 година. Тој лично учествуваше во изготвувањето на Охридскиот мировен договор.

„Денес имам многу поголема надеж откога и да е за решавање на спорот за името на Македонија. Овој спор може да се реши во скоро време“, изјави Пердју за Дојче веле, како што пренесе бугарската агенција БГНЕС.

„Грција, Македонија, САД и ЕУ немаат право да ја пропуштат оваа можност. Владата на Зоран Заев е целосно отворена при изнаоѓањето на решение, наспроти силната опозиција. Верувам дека и владата во Атина разбира дека ова е најдобрата можност да се здружи со сосед“, вели Џејмс Пердју.

Американскиот дипломат ги повикува двете страни внимателно да ги анализираат придобивките од решението, но исто така и ризиците од можен неуспех.

„Граѓаните не избираат лидери за решавање на лесни прашања. Тоа може да го направи секој. Вистинското лидерство се демонстрира од оние мажи и жени кои се зафаќаат со најтешките прашања и го прават потребното за сопствениот народ и долгорочно. Верувам дека Заев и Ципрас наскоро ќе постигнат договор“ вели Пердју.

5 Коментари

  1. Osnovnata GRESHKA koja e napravena so Rezolucija 817 (od OON) e obid da se legalizira interferiranje vo edna osnovna ustavno-pravna vnatreshna kategorija, kako shro e ustavno-pravni ID na Drzhavata, koj po definicija ne e predmet na meg. odluka. Vo ON tie Gi izmeshaa jurisdikciite, a Povlebata e isto tako samo tip na Megunaroden Dogovor, pa OON ima samo deliberativen karakter i dogovornite obvski (kako I Makedonija) i nemozhe da instalira nadvoreshni mehanizmi za meshanje vo vnatreshen domashen najvisok akt kako Ustav (koj po definicija e STROGA VNATRESHNA JURISDIKCIJA).
    Rezolucijata 47/225 I 817 pa i 845 se obiduva da interferira vo OSNOVNA USTAVNA KATEGORIJA (ustavno ime), I od ovde se gleda DEFEKTNOSTA i nelegalnosta na 817.
    Ovoj sluchaj dolgo vreme i se dodeka postojat OON ke bide predmet na Svetaskata pravna nauka I prouchuvanja, poradi gluposta koja ne ja zabelezhile pravnici vo ON 1993. pri zachlenuvanjeto na RM vo OON!

  2. Грција ни наметна лажна перцепција дека ние со Грција имаме (некаков) СПОР или Разлика, а ова перцепција и лажна парадигма е прифатена не-критички и во меѓународната заедница односно во ООН. Ние немаме спор или разлика, ниту можеме за вакво уставно прашање и УСТАВНА КАТЕГОРИЈА во строга домашна надлежност да имаме спор, туку една држава нас не не признава под уставното име и ово издига на ниво на меѓународен спор или РАЗЛИКА, со стратегијата УНИВЕРЗАЛНО НЕПРИЗНАВАЊЕ (преку наводен одн. измислен тнр. спор или разлика). Сега наша стратегија е мора да е спротивна те. УНИВЕРЗАЛНО ПРИЗНАВАЊЕ на Република Македонија во ООН, покажувајќи и докажувајки дека грчкиот тнр. спор/разлика е беспредметмен, бидејки споровите за државни имиња не постојат, а референцата е нелегална, посебно и со еден ООН механизам за уценување една суверена земја во правец само-откажување и порицање на сопствениот идентитет. Со над 130 државни признанија ние можеме да ставиме на гласање Резолуцијата на ООН (во Генералното собрание на ООН) со која продолжуваме членството во ООН како Република Македонија. Со тоа се елиминира референцата (ДЕНОМИНАЦИЈАТА или на макед. прекрстување) и неосновани преговорите за уставното име, и по воспоставување на името во ОН ние стануваме универзално признати како Република Македонија односно фактички како Македонија. При која било идна промена на нашето уставното име, пр. во Македонија или пример во Држава Македонија, ние ќе задржиме право и во ООН да се нарекуваме според нашиот избор содржан во Уставот на Македонија. (Ако во Уставот е пример државното име Македонија, и во ООН ќе бидеме само Македонија).

  3. Samo da napomenam. Potpolno se soglasuvam so gospodinot Janev. Vo odnos na cel ovaj cirkus sto go imame samite si go nametnavme. Prvo nie se soglasivme da razgovarame, a toa pokazuva deka nasite Politicari se neiskuani ili predavnici. Pozdrav

  4. Граѓаните не го избраа Зоран Заев, всушност дури и ЕУ е известена дека Македонците не ја признаваат ова Влада на РМ!

    И секако дека знаете, дека за мојот идентитет, никој нема право да одлучува, па макар што Владата на РМ изврши измени во уставот и законите на РМ со цел да ни го смените идентитетот.

    Македонците не признаваат устав и закони во кои се содржат елементи на злосторства врз човештвото, каков што е уставот на РМ и законите на РМ и токму затоа ќе бараат процесуирање на сите оние, кои вршеа официјална, јавна или тајна дискриминација врз Македонците.

Comments are closed.