Џејсон Мико ќе биде избркан од позицијата македонски лобист

На предлог на Министерството за надворешни работи, се очекува Владата да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД , на која беше именуван во 2013 година, дознава БИРН.

Американецот Џејсон Мико пишуваше колумни во „Дневник“, каде се потпишуваше како „менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во југоисточна Европа“. Важи за поддржувач на политиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

1 Коментар

Comments are closed.