Поранешните менаџери на актерот потврдуват дека тој ја тепал довчерашната сопруга Амбер Херд. Таа во ноември минатата година поднесе барање за развод, а патем во судот достави докази дека 54. годишниот Деп бил лош сопруг. Во меѓувреме ѕвездата на Пиратите од Карибите покрена постапка и против своите менаџери во која си ги бара потрошените средства. Тие велат дека причината за разделбата според наводите на 31. годишната Амбер се чиста вистина.

Џони Деп инаку води спор со компанијата TMG и ги тужи за, како што вели, неодговорно работење со неговите пари. Неговиот поранешен, тим пак, тврди дека тој е виновник за сопствениот финансиски колапс затоа што трошел два милиони долари месечно на глупости.


Во судските документи објавени од страна на американските медиуми, менаџерите сведочат дека е точно дека Деп ја злоупотребувал поранешната сопруга, како што таа тврдеше кога поднесе барање за развод. Актерот и тогаш и сега вели дека се е измислено.
TMG е добро запознаен со ситуацијата и знаеме дека се е вистина. Деп ја нападнал Херд, а еднаш ја удрил и со нога”, велат во друштвото за управување. Актерката уште тврдеше дека Џони некогаш и фрлил мобилен телефон во лице, и дека по секој инцидент и се извинувал и се каел.

SHARE