Бугарија, Грција, Романија, Македонија и Босна и Херцеговина, се земји од каде водат потекло нивните предци па многу турски граѓани ќе се обидат да добијат второ државјанство во тие земји.

Милиони луѓе се приклучија на порталот „е-влада“ (www.turkiye.gov.tr), откако Турција отвори интернет генеолошка служба на почетокот на февруари, овозможувајќи им на сите граѓани да дознаат од каде потекнуваат нивните предци со само неколку кликања, пишува „Хуријет“.

Евиденцијата се протега назад с’е до отоманските записи од почетокот на 19 век.

Интересет бил толку голем што веб-сајтот „паднал“ веднаш по отворањето и повторно бил обновен на 14 февруари.

По откривањето дека нивното потекло има корени во Европа, многу аматерски истражувачи, наводно, започнале да ги истражуваат можностите за двојно државјанство.

Многумина кои откриле дека нивните предци родени во сегашните земји-членки на ЕУ, како што се Бугарија, Грција и Романија, ги разгледуваат можностите да се стекнат со двојно државјанство.

За Македонија и Босна и Херцеговина, се смета дека имало барања за државјанство од турски државјани, при што многумина се обратиле до министерствата за правда, за надворешни работи и за внатрешни работи на земјите, како и до нивните конзулати и амбасади во Турција.