„Немаме што да се споделиме во културното наследство на Александар Велики. И бидејќи ја слушнав изјавата на господин Димитров дека треба да го споделиме нашиот културен идентитет, нема ништо да се споделуваме“ изјави лидерот на опозициската грчка Неа демократија, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи му индиректво на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кој рече дека во 21 век двете вропски држави, Македонија и Грција мора да најдат начин за споделување на заедничкото културно наследство.

„Александар Македонски бил Грк, и затоа нема да влеземе во таква  дебата или во било какви преговори околу  ова прашање. Тоа е суштински дел од нашиот национален идентитет, нема компромиси за ова прашање“, вели Мицотакис, како што пренесе АНА-ПМА.