Анализа: ЕУ со право не дава голема надеж на Балканот

Успехот на ЕУ во процесот на проширување во поранешните комунистички земји беше базиран на убедувањето на политичките елити да играат според правилата. Ова не се случи на Балканот а притисокот од Брисел за тоа да се случи е се помал, тврди Роберт Остин професор по историја и политика на Централна Европа и Балканот на Школата Мунк за Глобални прашања при Универзитетот во Торонто.

Овој добар познавач на состојбите во регионот за канадските медиуми вели дека поодлучниот настап на ЕУ на Балканот е добредојден но во исто време и недоволен. Според него најголем дел од проблемот се политичките елити кои што преферираат да работат во систем кој им носи бенефит за нив и нивните патрони. Со реални реформи сите тие ќе ја загубат моќта а некој од нив ќе одат и в затвор.

– Кога во 1989 година по падот на комунизмот некои земји раскрстија со историјата тоа не се случи на Балканот. Граѓанските војни го внесоа регионот во перманенна транзиција која што ги однесе во странство младите и образованите. Балканот сеуште чека на својот „Синдром 1989“ анализира  канадскиот професор за весникот The Globe and Mail.

Историјата не вели дека ЕУ е во право што ги држи очекувањата за членство на сите земји на ниско ниво. Уште повеќе што кризата во соседната земја на регионот, Грција е знак за иднината на целиот регион. Според се грчката економска и политичка криза не е толку различна од остатокот на Балканот. Коруптивна, клиентелистичка и едвај умерена. Перцепцијата е тешко да биде променета, смета Остин според кого Балканот не е повеќе буре барут туку кризна зона.