Асанж останува во амбасадата на Еквадор во Лондон

Британскиот суд го одби барањето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да ја укине наредбата за негово апсење, јави Ројтерс.

Наредбата беше издадена за прекршување на условите на ослободување со кауција, откако во 2012 година тој побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да не биде екстрадиран во Шведска каде против него беа покренати обвиненија за силување, кои тој ги негира.

Асанж веќе шест години не ја напуштил амбасадата, а неговите адвокати велат дека веќе не постои правен интерес за британските власти да бараат негово апсење.

Асанж стравува дека ќе биде екстрадиран на САД поради големата афера со протекување на дипломатски и тајни документи што ги објавуваше „Викиликс“.