Атина не отстапува од erga omnes

Се надевам дека нашите соседи ќе продолжат да преговараат со добра волја за да најдеме заемно прифатен договор, изјавил “, јави допсникот на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија уште еднаш ги повтори позициите на официјална Атина за сложено име кое ќе биде за севкупна употреба (erga omnes), во пресрет на денешната посета на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на Скопје.

„Она што е вклучено во конкретниот текст е договор што се базира на општата позиција на грчката влада: сложено име, што важи за сите и за севкупна употреба. Што значи за сите? Во секој случај, потребна е уставна ревизија, значи дека ова име ќе треба да се користи и во внатрешноста на соседната земја. Според тоа, очигледно е дека се поставува темата и за уставна ревизија“, изјавил Ѕанакопулос како што пренесува МИА.