Барбиката со хиџаб за муслиманските девојчиња

Првиот модел на куклата „Барби“ со  хиџаб наменета за девојчињата од муслиманска вероисповест, ќе биде промовирана идната година, најави Ибтихај Мухамед, која е прва муслиманка од Америка која доби олимписки медал во мечување.

31 годишната спортистка стекнала слава на Летните олимписки игри 2016, откако станала и прва Американка што во олимписката арена се појави со – шамија..

„Горда сум ога знам дека девојките насекаде ќе можат да си играат со Барбика што носи хиџаб! Ова е сон од детството“ напиша Мухамед на Твитер.

Во 1959 година, компанијата за играчки „Маттел“ со седиште во Ел Сегундо, Калифорнија, ја претстави куклата Барби, инспирирајќи илјадници млади девојки да сонуваат и да – држат диета. Името на кукла наскоро станало синоним за опсесија со убавина, пишува Ју-ес Тудеј.