Белграѓанка остави бебе во автомобил, „пајакот“ го однесе

Во понеделникот вечерта, „пајак“ службата подигнала автомобил на една белграѓанка во која го оставила шестмесечното бебе.

Од белградското Јавно комунално претпријатие „Паркинг сервис“ веднаш реагирале – поднеле пријава против мајката до Центарот за социјална работа , поради занемарување на детето, пишува „Блиц“.

Мајката Јелена Манојловиќ вели дека го оставила шестмесечното бебе само за кратко во  автомобилот за да земе нешто од сопругот кој бил на работа. Бидејќи било студено, не сакала да го зема детето со неа… Но, кога се вратила, видела како „пајакот“ го носи нејзиниот автомобил заедно со бебето.

„Викав и трчав по нив, но тие продолжија да возат. Не можам да го опишам стравот и паниката што ги чувствував во тој момент “, изјави таа, тврдејќи дека се задржала само шест минути надвор од возилото.

Од „Парткинг сервисот“ меѓутоа велат дека од моментот кога било забележано неправилно паркираното возило, до моментот кога почнал процесот на подигнување, (кој трае само неколку минути), поминале 15 минути и за тоа време бебето било во возилото без родителски надзор.

Настанот се случил во 18.55 часот, било темно и работниците не можеле да видат дека има некој во возилото, ниту пак се слушал звук.

Кога драмата конечно завршила било констатирало дека бебето за цело време спиело.