Одбележувањео на Денот на благодарноста во Америка е веќе во тек и традиционално голем број возачи заглавија во сообраќајниот метеж.

ABC News сподели неверојатни воздушни снимки од сообраќајот на автопатот број 405 во Лос Анџелес каде илјадници возила се движат „браник до браник“.

https://youtu.be/rnGlYG8UjFk

Повеќе од 50 милиони Американци се очекува да патуваат до своите најблиски Денот на благодарноста, кој започна откако претседателот Доналд Трамп традиционално побара „прошка“ од мисирките.

Имено, се очекува за Денот на благодарноста да бидат продадени 45 милиони мисирки за празнична вечера во вредност од над 1,5 милијарда долари.