Бугарија наскоро ќе остане и без учители

Во текот на следните осум години, над 40 отсто од бугарските наставници ќе се пензионираат и ова ќе доведе до сериозен дефицит . На ова предупреди заменик-министерката за образование Деница Сачева за Бугарското национално радио.

Просечната возраст на наставниците во Бугарија, според податоци од 2017 година, е 53 години, 10 години повисока од просечната во земјите од ЕУ.

„Треба да привлечеме повеќе млади луѓе во професијата наставник и да се свртиме кон учениците од 15-16 години и да им кажеме дека професијата ќе биде многу подобро платена, во многу подобри работни услови и во следните неколку години ќе биде професија за која ќе има голема побарувачка“, рече Сачева.

Платите на наставниците се движат д 300 до 600 евра…

„За прв пат се зборува за двојно зголемување на платите на наставниците. Ова е една од многу значајните мерки кои треба да се преземат. Зборуваме за инвестиција од повеќе од 600 милиони лева (300 милиони евра) во образовна инфраструктура, кои, иако изгледа голема, ќе биде недоволни за сите потреби“, коментираше Деница Сачева.

Во 2016 година повеќе од 10.000 наставници во Бугарија заминале во пензија.