Бугари во Албанија се само вработените во бугарската амбасада во Тирана

Алијансата на Македонците за европска интеграција (МАЕИ), како единствена што ги застапува интересите на македонскиот народ во Албанија, со огорчување протестира за вклучување во законот на некакво „бугарско малцинство“, по заканите од Бугарија за вето на членството на Албанија во Европската унија.

Во реакцијата на МАЕИ се вели дека наводите дека во областите Преспа, Голобрдо и Гора, кои се населени од македонско малцинство, живеат „Бугари“ се смета за сериозно прекршувања на меѓународното право, на универзална декларација за човекови права и слободи, за геноцид против македонскиот народ и за злосторство против човештвото!

Во Албанија, според историските факти и податоци за насделението, никогаш не постоело бугарското малцинство.

Такво малцинство постои само во главите на бугарските власти во Софија. Македонците во Албанија не се „Бугари“!

Бугари во Албанија се само вработените во бугарската амбасада во Тирана, се вели во реакцијата на МАЕИ.