ЖРК Вардар го победи словенечки Крим и тоа на негов терен во Љубљана со 32-29 во првиот меч од вториот турнир од ВРХЛ конкуренцијата за да ја продолжат убавата серија и во ова натпреварување, но и во целата сезона во која вклучувајќи ја и ЛШ имаат 6-0.
Црвено црните попладнево беа предводени од Андреа Пенезиќ со 9 и Полина Кузњецова со 6 гола, а дуелот го решија во вторите 30 минути откако воведните завршија со 18-17. Утре од 16 часот ЖРК Вардар игра со Будуќност против кого сезонава веќе е остварена една победа во овој балкански шампионат и тоа на негов терен, во Подгорица пред еден месец.