Ракометарите на Вардар денеска ги одржуваат последните тренинзи пред утрешното заминување за Доха каде како европски прваци ќе учествуваат на 10 издание на Супер Глоуб турнирот на шампионите. Црвено црните кои не беа најсјајни во подготвителните натпревари (порази од Бергишер и од Рајн Некар Левен) в петок од 14 часот играат со Ирански Нафт О Гашаран. Тоа е четврт-финале, по кое ако се мине натаму, во саботната рунда, во полуфиналето ќе следи меч со Барселона. Супер Глоуб завршува в понеделник со финалето на настанот кој има статус на светско клупско ракометно првенство.

Еве ја комплетната програма во Доха
Петок:
12 часот: Барселона – Есперанца (број 4)
14 часот: Вардар – Нафт-О-Гашаран (број 3)
16 часот: Фуксе Берлин – Пињеирос (број 2)
18 часот: Ал Сад – Сиднеј (број 1)
Сабота:
12 часот: Поразен број 3 – Поразен број 4
14 часот: Поразен број 1 – Поразен број 2
16 часот: Победник број 3 – Победник број 4 (полуфинале 2)
18 часот: Победник број 1 – Победник број 2 (полуфинале 1)Понеделник:
12 часот: Меч за 7 место
14 часот: меч за 5 место
16 часот: Меч за 3 место
18 часот: Финале