Верувале или не: Кипар загрижен за „кипаризацијата“ на спорот за името

Спорот меѓу Грција и Македонија за името, се нашол на дневниот ред на  разговарите меѓу шефот на грчката дипломатија и претседателот на кипарскиот Парламент, на нивната средба во грчкото МНР, јавува дописникот на МИА од Атина.

Спикерот на кипарскит парламент, Димитрис Силурис ,на твитер напишал дека средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас е добра можност за размена на мислења за темите што ги засегаат Кипар и Грција. Во фокусот кипарското прашање и прашањето со Скопје.

Во интервју за грчката државна новинска агенција АПЕ-МПЕ, Силурис одби да даде став или коментар во врска со прашањето за името.

Таканареченото „кипарско прашање“ стана синоним на проблем кој не може да се реши.

За време на грчката хунта, полковниците на власт во Атина се обидоа сдо акцијата „енозис“ да го приклучат Островот Кипар под „пазувите“ на Турција кон елинската територија.

Следеше турска интервенција или, како што се нарекува, анексија на севениот дел од Кипар претежно населен со турско население и мачна „размена“ или протерување на население од двете страни.

На 16 август беше воспоставена таканаречената „Зелена линија“ на разграничување меѓу двете етнички енклави.

Нефицијално се раскажува дека  висок британси офицер (а Кипар беше британска колонија) во недостиг на пенкало, со молив во зелена боја ја исцртал границата која и денес постои под тоа име, „Зелена линија“.

По низа преговори бе резултат, на 15 ноември 1983 година беше шрогласена Турска Република Северен Кипар, што беше отфрлено од страна на ОН и од Република Кипар.

Кофи Анан, генерален секретар на ОН (1997-2006) понуди план во десет точки за реунифицирање на Островот за кој на референдум требаше да се изјаснат двете заедници.

Евентуалниот негативен одговор на една страните – грчката популација на југ или турската на север – значеше автоматски прием на (грчкиот дел) Република Кипар во Еу.

Тоа и се случи: Грците од југот гасаа против референдумот и Република Кипар беше примена како полноправна членка на ЕУ пролетта 2003 заедно со уште девет сегашни членки на ЕУ.