„Доколку некој сака да оди на митинг, тој има право, но јас имам право да го осудам тоа, да кажам дека тоа воопшто не помага, тоа е израз на национализам“, изјави попладнево заменик-министерот за национална одбрана на Грција, Димитрис Вицас.

Тој рече дека „имајќи ги предвид ставовите на партиите и на институциите и барајќи максимален консензус, Владата ќе донесе одлука за прашањето на преговорите за името на ПЈРМ, која ќе ја сочува националната линија: сложено име, за секаква употреба, што ќе ги исклучи неодговорностите на Балканот“.

„Мораме да помогнеме да се реши (спорот), ако може да се реши, бидејќи нашата волја не е доволна, но затоа ќе биде потребна и волја од меѓународната (заедница –н.з.)“.