Рускиот председател Владимир Путин во интервју со прославениот режисер Оливер Стоун изјави дека досега имало најмалку пет обиди за атентат врз него и дека е задоволен од своите телохранители. Путин признава дека дел околу своето обезбедување решава сам, а на ова во отворениот дијалог со прославениот режисер признал и дека тоа не е така спактакуларно како што му било на кубанскиот претседател Фидел Кастро кој на Путин му рекол дека имал 50 одбиди за атентат. Првиот човек на Русија се повикува на поговорката, “Ако сте осудени на бесење, вие нема да умрете од давење”.

Во еден дел од разговорот Путин го соопштил и ставот околу Едуард Сноуден кој во 2013. година изнесе дел од шпиунската програма на САД и веројатно дополнително ги налути Американците. Тој смета дека Снуден не е шпиун, дека се што работел било јавно, па затоа Русија во 2014. година на Сноуден му издала тригодишна виза за престој, и практично го штити.

Интервјуто на Оливер Стоун со Владимир Путин ќе биде емитувано на “Šoutajm TV” и тоа во четири дела од 12. до 15. јуни.