Големите фаворити за титулата во Лигата на европските фудбалски шампиони се избегнаа во четврт-финалето, а најатрактивната двојка ја сочинуваат Реал Мадрид и Јувентус што практично е репризата од последното финале од минатата година. Во другите двојки составени денеска напладне во Нион, Барселона ќе се соочи со Рома, Баерн за противник го доби составот на Севиља, а Ливерпул и Манчестер Сити се дел од англискиот мегдан. Првите натпревари во четврт-финалето во Лигата на шампионите се на 3 и 4 април, а реваншите се шест односно седум дена подоцна.