Големите сили и нивните претставници ги штитат нивните интереси, а не нашите интереси и ги молам луѓето во Србија да го разберат тоа. Треба да имаме добри односи со сите, бидејќи сме премногу мали, но мора да укажеме на двојни аршини“ изјави српскиот претседател.

„Доколку други ни одлучуваат за се, како што имате примери во некои соседни држави, и кој ќе биде обвинител и кој ќе биде судија, кој ќе биде во една од агенцијата, а незавините тела тела да бидат само нивни и сите тие да бидат независни од нашиот народ и да зависат од нив, тогаш тоа нема никаква смисла“,вели српскиот претседател Алаксандар Вучиќ во интервју за српски „Ало“

Тој вели дека е точно дека треба да се градат независна институции, но колку независни од српската влада, толку независни и од  владите на некои западни или некои други земји.

Запрашан каква е крајната цел на овие притисоци, Вучиќ вели дека тие сакаат да имаат поголемо влијание. „Не затоа што мислат дека е тоа подобро за Србија туку …. на конец да имаат кукли кои би ги слушале нивните налози и да работат во нивни интерес“.

Сропскиот претседател е убеден дека ќе продолжат и притисоците околу Русија и околу медиумите.

Ќе продолжат да се занимаваат со медиумите, иако тие го заземаат поголемиот медиумски простор? Тие ќе продолжат да го прават тоа“ вели тој.