Газдата на ТВ Нова мора да достави уште докази за да се брани од слобода

Скопска „апелација“  пред три дена ја уважила жалбата на Специјалното јавно обвинителство против одлуката на судот бизнисменот Сеад Кочан наместо да биде во притвор да даде парична гаранција во висина од околу 900 илјади евра.

Кривичниот совет на скопскиот апелационен  суд на седница одржана на 6 јуни решил за предметот во овој дел повторно да се одлучува но пред тоа одбраната ќе треба да се достави уште докази.

„Судот, во конкретниот случај оцени дека во прилог кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот од кој би се утврдила основаноста на понудената гаранција“, стои во соопштението на судот.

Бизнисменот Сеад Кочан кој е сопственик на Телевизија Нова е првоосомничен во случајот на СЈО „Труст“ во кој обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол.

Опозицијата тврди дека обвиненето против Кочан е политички монтирано затоа што СЈО и владата преку него сакаат да ја затворат ТВ Нова и да ги стават сите медиуми под своја контрола