Германија го уапси лидерот кој (по)бара независност за Каталонија

Адвокатот на каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон кој веќе неколку месеци е во егзил по успешниот референдум и прогласувањетѕо на независност на Каталонија, соопшти дека тој денес бил уапсен од германската полиција.

Поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, биле уапсен во Германија откако беше потврдено дека ја напуштил Финска, избегнувајќи го европскиот налог за апсење.

Адвокатот на протераниот поранешен лидер, Жајме Алонсо Кувилас, претпладневно на Твитер напиша: „Претседателот Карлес Пуџдемон беше уапсен во Германија кога ја преминал границата од Данска, на пат кон Белгија од Финска“.

Тој соопшти и дека Пуџдемон „сега е во полициска станица и неговата правна одбрана веќе е активирана“.

Пуџдемон кој беше во самопрогласен егзил во Белгија, во четвртокот ја посети Финска за да разговара со пратениците.

Финското Национално биро за истраги (NBI) во саботата потврди дека добило европска потерница за „шпанскиот државјанин што ја посети Финска“, но не знаеле каде се наоѓа лицето.

„Ние немавме контакт со лицето или со негови помошници“, изјави криминалниот инспектор на НБИ, Хану Каута.

Финскиот пратеник Мирко Карна, во саботата на Твитер напиша дека „Пуџдемон заминал од Финска во петокот вечерта…за Белгија“.

Пуџдемон е баран од Шпанија под обвинение за „бунт“ по референдумот за независност на сегашната провинција карталонија од Шпанија, што за Мадрид е неуставен чин.

Шпанија во петокот издаде меѓународни потерници за уште пет други сепаратисти, меѓу кои и четворица поранешни министри, кои исто така беа во егзил во Белгија.

Вчера во Барселона и во други каталонски градови се одржаа масовни протести откако Врховниот суд нареди апсење на 25 каталонски политичари под обвинение дека учествувале во референдумот за независност на Каталонија за што можат да бидат осудени на по 30 години затвор.