Неуспешните баратели на азил можат да аплицираат за финансиска помош во висина до 3.000 евра ако одлучат доброволно да се вратат во нивните земји на потекло, соопшти германскиот министер за внатрешни работи, потврдувајќи ја новата владина програма.

Семејствата кои сакаат доброволно да се вратат дома можат да аплицираат за добра и услуги во вредност до 3000 евра, а поединците можат да добијат стоки и услуги во вредност од 1.000 евра во нивната матична земја, велат од Министерството, додавајќи, дека новите придобивки се продолжување на постоечката програма за поддршка што започна во февруари.

Кога доаѓаа…

Германската влада се обидува да го зајакне доброволното заминување на неуспешните баратели на азил, бидејќи земјата е насочена кон бројка од еден милион имигранти кои пристигнуваа од земји како Сирија, Авганистан и Ирак во 2015 и 2016 година

„Ако се одлучивте за доброволно напуштање до крајот на февруари, можете да добиете не само стартна помош, туку и помош за домување и за трошоците во период од една година во вашата земја на потекло“, објаснува министерот за внатрешни работи, Томас де Мезиер цитиран од Билд.