Случај Протерување – “Ако е за чалам глупи сме и не знаеме со што си играме”

Дело од експертската јавност која не е под контрола на политичките партии и под влијание на етнонационалните агенди е збунета од протерувањето на рускиот дипломат.

“Бркањето руски дипломат (а несомнено сум прозападно ориентиран) и апсењето на Марко Ѓуриќ во Косовска Митровица (а несомнено човекот ми е одвратен) се обиди на две комплетно неважни држави да глумат важност… Постои прекрасен термин во еден од соседните јазици – “трансфер блама…”, пишува професорот Ненад Марковиќ кој важи за силен поддржувач на процесите на влез во ЕУ и НАТО.

Владимир Мишев, меѓународен експерт во Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ вели дека Македонија мора да има добра причина за антирускиот потег.

“Клучното прашање е кој го побарал тоа од нас и што сме побарале за возврат (се надевам нешто важно). Ако го правиме само за чалам, тогаш едно сме глупави, второ и уште полошо не знаеме со што си играме”.

Мишев последниве години работи на мониторинг на избори во земји каде ОБСЕ испраќа своја набљудувачка мисија а предходно беше прв човек на Институтот за Демократија од Скопје.

Мишев никогаш предходно не искажал било какви дилеми за членството на РМ во НАТО и ЕУ.