Иако во народот е општо прифатено дека супите, чорбите и другите течни јадења се повеќе за студениот период, научниците тврдат дека, тие окрепнуваат, даваат сила и при повисоките температури.
Еве еден традиционален рецепт кој сигурно крева.
Говедска супа


-Месо со коска или коленица (1/2 килограм)

-Сол (една кафена лажица)

-5 зрна бибер

-3 литри вода

-Коренаст зеленчук (1/2 килограм)

Месото, водата, солта и биберот се варат два часа, по што се додава зеленчукот (морков, компир, целер, кромид) и се вари уште половина час. Содржината потоа се цеди, се избираат парчиња месо по желба и со тестенини се вари уште половина час.

Супата се служи во длабоки чинии и топла.