Фудбалската репрезентација на Франција изгледа како пријателски и добро координиран состав во кој, по елиминацијата на Бензема и Валбуена, нема нетрпение, но медиумите и навивачите останаа изненадени од индиферентноста на Антоан Гризман на честитките кои соиграчите и селекторот на Триколорите му ги упатија на членот на Реал Мадрид, Рафаел Варан за новата титула во Лигата на шампионите.

Во два момента на видеото се гледа напаѓачот на Атлетико, и ако за првиот и има оправдување, за вториот кога Дидие Дешамп на собирот на селекцијата за петочниот меч од мундијалски квалификации ги повикува сите со аплауз да го поздрават Варан, сигурно нема, зошто само тој не аплаудира. Причината за лутината на Гризман лесно се лоцира зошто тој се уште нема европска титула, а играше две финалиња, а Варан веќе има три.