Додека политичарите измислуваат „топла вода“ за зближување на двете земји бизнисот цвета.

Во првата половина од оваа година, Грција дотурка до позиција на трет по големина трговски партнер на Македонија, пренесува дел од грчкиот печат, со констатација дека во 2016-та Грција беше рангирана на четвртото место, по Србија.
Главните трговски партнери на земјата се Германија со која обемот на трговската размена е 1,5 милијарди евра, на второ место е Велика Британија со која трговската размена е 361 милиони евра, додека на значајното трето место е Грција со обем на трговска размена од 347 милиони. Следуваат Србија со обем на трговија од 324 милиони и Бугарија со која трговската размена изнесува 273 милиони.