Циампирис: Грција се соочува со нова пресуда во Хаг

Грција може да се соочи со нова пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг доколку и понатаму продолжи да ја блокира Македонија, оценува професорот  по меѓународни односи Аристотелис Циампирис од Универзитетот во Пиреја.

Тој во интервју за мкд.мк вели дека спорот за името трае повеќе од четврт век, а во изминатите години стана уште полош и потежок.

„Влошувањето беше поради проектот Скопје 2014, поради антиквизацијата, но и поради реториката на поранешната влада од какви било причини, што не го правеше полесно наоѓањето решение. Факт е дека прашањето е сериозно и создава проблеми и грижи“, оценува за МКД.мк Циампирис.

Според грчкиот експерт „ако не најдеме компромис, тогаш може да се случи Грција да блокира и повторно да оди на Меѓународен суд во Хаг, што нема да биде добро за грчката дипломатија и ќе има многу негативни последици“.

Целото интервју со Циампирис направено пред средбата меѓу Коѕиас и Димитров во Атина на следниов линк