Нашата сениорска машка селекција во Скопје ги продолжува подготовките за претквалификациите за Светското првенство, а од синоќа со приклучувањето на Ѓорѓи Чековски доби и на квалитет и на физиономија. Со оглед на отсуствата на повеќемина од тој дел на тимот (Трајковски, Самарџиски, Антиќ), а и општата дефицитарност на центарските позици во нашата кошарка, приклучувањето на играчот на Работнички е огромен плус за тоа што не очекува во август.

Потсетуваме дека од 2. до 19. август играме со Косово и Естонија и треба да бидеме меѓу првите две селекции за да просперираме до главните квалификации за шампионатот во 2019. година.