Селекцијата на Данска одигра феноменален натпревар на гостувањето во Даблин и иако немаше позитивен резултат од првата средба (0-0), со гостински 5-1 ја елиминира Република Ирска. Во оваа средба имаше само едно гол помалку од сите седум други средби од европските баражи за мундијалот во Русија следната година.
Данска е 30. селекција за завршницата од СП, по што за комплетирање на списокот, остануваат уште возвратните дуели на Австралија и Хондурас (0-0) и Перу и Нов Зеланд (0-0) кои се играат во следните 24 часа.

https://youtu.be/B_Nou3KIiWs