Дачиќ му ја отпеа „Осман ага“ на Ердоган (ВИДЕО)

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, му пееше на турски на претседателот Реџеп Таип Ердоган на свечената вечера организирана во чест на гостинот од Турција.

Снимките со пеењето на Дачиќ објавени се и на социјалните мрежи.

На една, се гледа како Дачиќ – во близина на масата каде седат Ердоган и неговата сопруга Емина и српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата сопруга Тамара – ја пее песната „Осман Ага“ на турски јазик.

https://youtu.be/WP-Nt6H7G84