Летото иде, додуша, полека и бавно, но ние секако мора да се подготвиме за горештините каде тие и да не најдат: во град, на планина, на езеро или на најчесто плажа на море. Правилата се исти за секаде, дел се усвоени, а дел по најновите испитувања од соодветни и релеванти лаборатории ќе мора да ги менуваме.
Основното е дека бројките на амбалажата, сами по себе не значат ништо, без ознаката SPF и следно, кремите со фактор со двојно повисока бројка не штитат дупло повеќе. Пример SPF 15 ги блокира 93 насто зраците, SPF 30 покрива 97 насто од УВ зрачењето, а SPF 50 до 98 насто.

Значи некоја голема разлика во тоа, кој крем со каков фактор носите со вас и нанесувате, нема. Клучот е во системот на користење, а тој вели дека 20 минути пред изложувањето на сонце мора да нанесете крем, а потоа истото да го повторувате на секои два часа, но само ако не се капете, туширате или бришете, зошто во тој случај за ваша сигурност би требало да го повторите процесот целосно. Во случај на непридржување до овие препораки, предупредуваме дека кремата со фактор 30 кусо време по капењето или можеби потењето има ефект од само 5.5 што, без да знаете, во првиот момент и без да почувствувате, може да ве доведе до непријатни, болни, па и опасни по здравјето последици.