Доналд Трамп: Западниот Балкан е закана за националната безбедност на САД

Со своето писмо до Конгресот на САД, американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжува состојбата на „Национална вонредна состојба“ (National Emergency), се вели во информацијата од Белата Куќа.

„Секцијата 202 од Актот за национална вонредна состојба обезбедува автоматски прекин на Национална вонредна состојба, доколку во рок од 90 дена од годишнината на нејзиното воспоставување, претседателот  во Федералниот регистер објави забелешка  во која се продолжува важењето на актот и по неговото првично времетрање и за тоа гo информира Конгресот. Во согласност со оваа одредба испратив до Федералниот Регистер  приложена забелешка во која изјавувам дека – Национална вонредна состојба за Западниот Балкан која што беше објавена во Извршната одлука број 13219 од јуни 2001 година продолжува и по 26 јуни 2017 година“, се вели во писмото на американскиот претседател до Конгресот на САД.

Според Трамп заканите од акции на луѓе инволвирани или помагатели, спонзори и поддржувачи на насилство и екстремизам во Република Македонија или на други места во регионот на Западен Балкан, не се надминати. Одлуката важи и за лица кои што го попречуваат спроведувањето на Дејтонскиот договор во Босна и луѓе кои сеуште се закана за САД и резолуцијата 1244 на Обединетите нации за Косово.

Дополнително Трамп го информира Конгресот на САД за продолжување на силата на извршната одредба 13304 за преземање на дополнителни чекори во врска со акти за спречување на имплементација на Охридскиот договор од 2001 година, која се однесува на Македонија.

„Актите на насилство и екстремизам и спречување на активности наведени во извршните одредби се непријателски кон САД и продолжуваат да претставуваат невообичаени закани за националната безбедност и надворешната политика на САД. Затоа сум одлучен дека е неопходно да се продолжи со Национална вонредна состојба во врска со Западниот Балкан“, се вели во писмото на Трамп до Конгресот на САД.