Европарламентарци се гоштевале со ручеци од 400 евра по човек

Претениците од екстремно-десничарските партии во Европскиот парламент потрошиле повеќе од 400.000 евра на шампањ, скапи јадења и подароци, утврди Комитетот на Европскиот парламент (ЕП) за буџетска контрола.

Ревизијата на финансискиот извештај на парламентарниот блок Европа нација и слобода (ENF) за 2016 година идентификуваше „неколку случаи на непочитување“ на правилата на ЕП пренесува новинската агенција ДПА.

Во групата ENF се евроскептичните и десничарски партии, како францускиот Национален фронт, италијанската Северна лига и австриската Партијата на слободата.

Тие купиле 228 шишиња шампањско и дополнителни шест шишиња од по 81 евра, трошеле за „ручеци по цена од 400 евра по лице кои не се оправдани или во согласност со принципите на разумен финансиски менаџмент, според тоа, ни не се прифатливи“  констатирал на Комитетот.

„Истото важи и за 110 божиќни подароци во вредност од 100 евра“, се додава во оценката на за пратениците  ENF кои потрошиле 380.000 евра над допуштеното.

Групата Европа,нација и слобода со 34 пратеници е најмала во Европскиот парламент.