Едмонтон бара претседателот Иванов да го одземе мандатот на владата (ВИДЕО)

Во Едмонтон, главниот град на провинцијата Алберта, Канада беше одржан протестен митинг во организација на Македонската Културна заедница од Едмонтон која се приклучи кон иницијативата на македонската дијаспора под името Ние Сме Македонија, Нашето Име е Македонија.

Митингот се одржа пред Собранието на провинцијата Алберта а него зедоа учество неколку говорници кои што поддржани од присутните испратија пораки како до Македонците во Македонија и ширум светот, така и до носителите на власта и Претседателот на Р.Македонија.

На митингот беше прочитан проглас во кој што:

– беше побарано да се прекинат преговорите за името кои што моментално се водат со Грција, и Македонија да се обрати до Генералното собрание на ОН со цел ставање на крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција со која што Македонија ќе се признае под нејзиното уставно име

– да се отфрли договорот Заев-Борисов

– ослободување на притворените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година

– осуда за насилно донесениот закон за употреба на јазиците и поддршка на Претседателот за непотпишување на Указот

Доколку овие услови не бидат исполнети , Македонците од Едмонтон бараат самораспуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори на кои што сите иселеници ќе можат да го исполнат своето право на глас на начин на кој сите развиени држави им овозможуваат на нивните иселенци.

Во тој правец, беше повикан и Претседателот Ѓорѓе Иванов да опстои кон неговата одлука за непотпишување на Указот за Законот за употреба на јазиците. Бидејки со досегашното водење неуставно избраната Влада покажа дека секојдневно со своите постапки врши разнебитување на државата и идентитетот и создава меѓуетничка тензија, Македонците исто така побараа од Претседателот да:

– го одземе мандатот на Неуставната влада

– распишување на избори за Уставотворно Собрание со цел да ја оживее Републиката

На крајот од митингот беше потенцирано значењето на македонскиот литературен јазик преку зборовите на Блаже Конески дека македонскиот јазик е “единствената наша нeподелена татковина” и беше прочитана една од најубавите песни напишани на македонски јазик “ Тешкото”.