Експретседателот на Грузија сакал да скокне од покрив (ВИДЕО)

Михаил Саакашвили, поранешниот претседател на Грузија, беше уапсен откако се заканил утрово дека ќе скокне од покривот на неговата куќа во Киев.

Кај него утринава пристигнала полиција за да изврши претрес, по што Саакашвили се качил на покривот и се заканил дека ќе скокне.

Саакашвили живее во Украина веќе три години, а драмата заврши со преговори и со негово апсење.

Како што јавуваат агенциите претресот бил спроведен поради сомневање дека протестите што ги организира биле финансирани од поранешниот украинскки претседател Виктор Јанукович, кој пребега во Русија.

https://www.facebook.com/ivan.slobodianyk.9/videos/1663976426958046/

Саакашвили, поранешен гувернер на Одеса и актуелен лидер на украинското опозициско движење „Нови сили“, во неделата организираше митинг во центарот на Киев, барајќи од Украинците „да ја отстранат диктатурата на олигарсите“ и наместо неа да воспостават „диктатура на средната класа”.

Тој го организираше и „Марш за отповикување на претседателот на Украина, Петро Порошенко“.

Од 17 октомври демонстранти кампуваат пред украинскиот парламент Врховна Рада, барајќи усвојување на закон за одземање имунитет на пратениците, формирање на суд против корупција, измени на изборниот закон и донесување закон за отповикување на претседателот.

Украинскиот претседател Порошенко на 20 октомври рече дека вистинската цел на организаторите на протестите е дестабилизација на ситуацијата во Украина.