Бившиот шеф на ДБК ги клеветел Ахмети и Џафери

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, е виновен според одлуката на Основниот суд Скопје 2, за клевета на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на членот Муса Џафери дека примиле мито во случајот „Маѓар телеком“.

Судијата во предметот прифатил дека изјавите на Богоевски во кои ги инкриминира двајцата функционери на ДУИ се дадени во рамките на официјална истрага пред правосудсните органи на САД, но оценил дека таквите јавно пренесени изјави се клевета за Ахмети и Џафери, јавува агенцијата Мета.

И покрај пресудата Богоевски нема да им плати материјална отштета од 90.000 евра, бидејќи тужителите го повлекле таквото барање.

Целата информација на МЕТА на овој линк