„Не сакам да свирам на ова дефектно пијано“, изјавил пејачот и во лутина го напуштил концертот кој е дел од американската турнеја. Своите соработници од техничкиот тим ги нарекол „токмаци“, бидејќи тие не го решиле проблемот доволно брзо.

Елтон Џон (70) го прекина концертот во Индијана, бидејќи не беше задоволен од штимањето на пијаното. Пијаното, наводно, беше „замрзнато“ во неколку наврати за време на претставата „Слободата на Филаделфија“, а познатиот музичар го загуби трпението. Џон побарал кратка пауза и брзо повторување, па концертот продолжил по кратка пауза.

„Многу ми е жал, но нема да свирам ако не звучи добро“, им изјави Елтон на присутните, додавајќи дека сака „сто проценти на совршенство на концертот“.

Подоцна Елтон џентлменски му се извини на својот тим.