Жена во бурка нападната и навредувана во Берлин

Германската полиција соопшти дека една муслиманка, облечена во бурка, која го покрива целото лице и тело, била нападната и навредувана во продавница во Берлин.

Полицијата соопшти дека 28-годишна жена ја нападнала жртвата и ѝ го искинала превезот глава.

54-годишната жртва потоа била исфрлена надвор од продавницата, а жената-напаѓач продолжила со навреди на сметка на странците пред да биде притворена од страна на полицијата.

Полицијата не даде повеќе детали за инцидентот, јавуваат медиуми.

Минатата година германскиот парламент го одобри владиниот предлог за забрана на носење на сите превези кои целосно го покриваат лицето од јавните службеници во училиштата, судовите и другите институции.

Антисламските групи повикаа на целосна забрана за носење на сите превези во Германија.