Заев за Османи: Во Бомбите го обвини за криминал а сега ќе му биде вицепремиер

 

 

Мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев наредната недела ќе се соочи со сериозен политички и партиски предизвик откако на предлог на ДУИ ќе мора да прифати за негов заменик т.е. вицепремиер да го назначи Бујар Османи, екс министер за здравство и висок претставник на ДУИ.

Проблемот на Заев е што за истиот тој Османи лидерот на СДСМ тврдеше бил инволвиран во криминални дејствија додека беше министер за здравство во владата на Никола Груевски.

Заев сега ќе мора да заборави на своите обвинувања базирани на разговор меѓу министри на ВМРО – ДПМНЕ објавени во бомбата број 31 според кои Бујар Османи бадиела потрошил стотици илјади евра.

Заев тогаш се водеше од бомбата – разговор меѓу министерот за здравство Никола Тодоров и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска кои што зборуваат за потрошени 400 илјади евра за охридската болница од страна на министерството за здравство во времето кога таму министер бил Бујар Османи. Подоцна целата болница во Охрид мораше да биде одново реновирана со што предходно потрошени 400 илјади евра пропаднаа целосно.

Сега Бујар Османи во владата на Заев ќе биде вицепремиер за Евроинтеграции.