Заев: Консензус да се реши спорот со името, а не да се одложи

Ние, во Македонија се обидуваме да изградиме национален консензус, сите – претседателот на државата, Владата, опозицијата – но во функција на наоѓање решение, а не на негово одложување, изјавил премиерот Зоран Заев, по средбата со словенечкиот колега Миро Церар вчера во Љубљана.

Тој потсетил дека Македонија гради пријателски односи Грција и изрази верување дека во таква пријателска атмосфера може да се најде решение и за ова прашање, пренесува РСЕ.

Процесите веќе почнуваат, на 20 или 21 ноември очекуваме да има прва средба помеѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Метју Нимиц, информирал македонскиот премиер.