Замките во името Централна Балканска Република

На прво слушање може да се каже предлогот што не го вклучува името Македонија или дериват од тоа име е многу добар. Но, анализира грчки портал, се стравува дека постојат замки.

„Дали ова име ќе биде само за членство во НАТО, во меѓународните организации и во односите со Грција, додека нашата соседна земја ќе го задржи своето уставно име во нејзините билатерални односи со повеќе од 130 држави кои го признаа?

Дали тоа значи дека ние „го прифаќаме“ новото име без зборот Македонија, а тие ќе го зачувувааат уставното име?

Новата влада на Зоран Заев, стои во анализата,  која по локалните избори се чини дека е силна, покажа прагматизам и вистинско разбирање со Грција… Сепак, тешко е да се верува дека владата на Заев ќе се откаже од „националната линија“ и целосно ќе ги прифати грчките позиции и затоа се проценува дека може да се откаже од сегашното име во меѓународни организации, но ќе го задржи името и придавкитеа што пороизлеуваат од него во билатералните односи со државите и во пасошите, во трговските договори, во имињата на организациите, јазикот итн.

Колку и да сака (грчката) влада да прогласи национална прослава, доколку направи таков „чесен компромис“, тоа на крајот ќе биде „златен пораз“, бидејќи на меѓународно ниво ќе го финализира воспоставувањето на името „Македонија“.

Сериозното прашање што се поставува е колку е подготвен премиерот да постигне национален консензус за ова прашање со цел да има заедничка национална позиција пред критичната фаза на преговорите, а не откако се ќе се заврши!

Порталот потсетува дека коалициониот партнер и лидер на Вистинските Грци, Панос Каменос неодамна ги постави своите „црвени линии“ кои значат неприфаќање на какво било име што би го вклучило терминот „Македонија“ и дека договорот со северниот сосед треба да оди на референдум!

Треба да ги гледаме стапиците, избегнувајќи го нашето самоодржување, пишува авторот на анализата на Константинос Лукопулос. Не постои широко распространета интерпретација на erga omnes и не треба да ја изгубиме нашата силна предност наречена одлука на самитот во Букурешт во 2008 година.

Министерот за надворешни работи Никос Коѕиас во последното интервју укажа на потребата за решавање на прасшањето со името во првата половина на 2018 година, а овој период е главно поврзан со Самитот на НАТО во јули 2018 година во Брисел, каде што се проценува дека ќе има голем притисок за интегрирање на поранешна Југословенска Република.