Од денеска до 17 јули на терените на Ол Ингланд клубот во Лондон се игра 131. издание на тенискиот турнир во Вимблдон кој важи за неофицијално светско првенство. Енди Мареј ќе ја брани титулата, а во како лоша форма е Британецот, кој на стартот се соочува со Библик, на неа може да се надеваат и вториот носител Ѓоковиќ кој тргнува против Клижан, и третиот Федерер кој отвора со Долгополов, па и следните Надал и Вавринка кои во првото коло одат на Милман односно Медведев. За триумф кој носи 2,2 милиони фунти се потребни седум победи.

Истата награда од 2.2 милиони фунти важи и за девојките, но таму престолот е слободен бидејќи ланската победничка Серена Вилјамс е бремена, па кругот на кандидати е доста широк. Од Кербер и Халеп, преку Квитова и Вознијацки, до Остапенко, Кузњецова, Конта, Плишкова, Свитолина, Радванска.