Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева се залага за поголема присутност и анагажираност на Европска унија во земјите на Западен Балкан за да се се спречи влијанието на други странски фактори во регионот.

Министерката за надворешни работи на Бугарија пред Комитет за надворешна политика на ЕУ зборуваше за ситуацијата во секоја од државите одделно, при што Македонија ја именува како ФИРОМ.

Бугарија беше првата земја што пред 26 години ја призна Република Македонија, и тоа под уставното име, а парламентите во двете земји деновиве го ратификуваа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан од премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август минатата година.

„Охрабрени сме од сигналите кои доаѓаат од преговорите меѓу ФИРОМ и Грција за прашањето на името. Мислам дека е реално да се очекува преговорите да започнат за време на претседавањето (на Бугарија со ЕУ- н.з.) и, секако, откако ќе го видиме и извештајот за нивниот реформски акционен план“, рече бугарската министерка.

На видеото подолу (по 25 секунда) може да се види излагањето на Захариева.

Захариева потенцираше дека е реално преговорите на Македонија за членство во Унијата да почнат до јули, за време на претсдавањето на Бугарија со ЕУ.